Ново тркачко лице во градот

„Рено твинго ГТ“ - дијамант за уживање во возењето (ФОТО)

Француски Рено повторно изненадува со оригиналните креации. Сега новото тркачко лице во градот е „твинго ГТ" каде се „скриени" 110 КС во турбо мотор, рачен менувач и погон на задните тркала. Моделот ќе биде прикажан на познатот „Гудвуд фестивал" на брзината.

објавено: 7 јуни 2016 - 22:01

Дека „јаките" работи се чуваат во мало пакување потврдува токму Рено, кој го покажа новиот градски адут. Инспириран од автомобилот „твин ран" и благодарение на стручноста на Рено Спорт, сега „твинго ГТ" нуди дополнително уживање зад управувачот.

Новиот „твинго ГТ" ја комбинира вродената агилност на искуството на Рено со погонот на задни тркала во сегментот на градските возила и се потпира на експертизата на спортскиот оддел на Рено, за да може да понуди повеќе уживање. Неговиот 0,9 литарски ТЦе турбобензински мотор е „наместен" да може да испорача 110 КС и 170 НМ вртежен момент благодарение на системот на изменето вшмукување на воздухот и модифицираното мапирање, додека изменетиот преносен однос во менувачот дополнително придонесува за темпераментот и завидните перформанси, и тоа веќе при ниски вртежни моменти кај овој трицилиндричен мотор.

Шасијата на „твинго ГТ" е значително ревидирана, ЕСП системот рекалибриран, а управувачкиот систем модифициран. Резултатите се гледаат во одличното држење за подлогата и силните повратни информации.

Спортските гени се гледаат преку 17 инчните алуминиумски тркала, страничните отвори за воздух, двојните цевки за издух и новата специфична портокалова боја. Ваквата силуета, стегнатите лини и специфицниот дизајн биле инспирирани од концептниот модел „твин ран", додека аеродинамичките детали како што се отворот за воздух во форма со мали прореди потекнуваат од антологискиот експериментален авион со кој Американците своевремено заминаа во вселената.

Најново во Автомобили