ФРАНЦУЗИТЕ СО НОВ СУВ АДУТ

Вистински кросовер: Пежо 3008 го предизвикува „нисан кашкаи“ (ФОТО)

Пежо го подигна велот од новиот модел, „пежо 3008" што сега е позициониран како вистински кросовер и ќе им биде ривал на моделите како што се „нисан кашкаи" и „сеат атека".

објавено: 23 мај 2016 - 18:12


Ова е првиот модел на францускиот бренд што е дел од „и кокпит дизајн" што вклучува и мерки што ќе придонесат кабината на „3008" да биде една од најпријатните места за седење во сегментот. Должината на моделот ќе биде 4450 мм. но, новиот модел ќе биде за 80 мм подолг во меѓуоскиното растојание, што ќе донесе повеќе простор за патниците на задните седишта, но и 520 литри багажен простор, што е за 90 литри повеќе од сегашниот модел.

Промоцијата за јавноста ќе биде на саемот во Париз есенва, а продажбата во Европа би требало да почне во октомври. Автомобилот е направен на модуларната платформа ЕМП2, и од претходникот ќе биде полесна до 100 кг, додека дизaјнот е инспириран од концептното возило „кварц".

Внатрешноста ќе има нов изглед со многу копчиња, амбиентално светло, и 12,3 инчен дигитален дисплеј за возачките алатки, и плус 8 инчен тачскрин дисплеј за инфотеинмент системот. Истиот ќе нуди подршка за андроид авто, Епл карплеј и мирор линк.
Како и што се очекува од модерните кросовер, новиот „3008" доаѓа со голема палета на активни системи за безбедност, вклучувајќи и „актив сејфти брејк", и „дистанц алерт", прпеознавање на значи покрај патото, адаптивни предни светла, адаптивен круз контрол, висио парк, видео набљудување околу целото возило, и друго.

Во однос на гамата на мотори, во Европа ќе бидат достапни бензински мотори 1,2 Л турбо со 130 КС и 1,6Л со 165 КС, како и дизлески агрегати со 100 КС или 120 КС, со 150 или 180 КС. Во зависност од верзијата на купувачите ќе им биде н арасполагање шестстепен мануелен или автоматски менувач.
Моделот ќе се произведува во фабрката Сошо во Франција, а засега нема информации околу цената.

Најново во Автомобили