ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД

Форд екобуст е најдобриот мал мотор во светот

Во изборот за меѓународен мотор на годината, екобуст на Форд триумфираше во класата на мотори до 1,0 литар работна зафатнина. Ова е вкупно деветто признание за иновативниот турбо бензински мотор, што воедно петта година по ред е прогласен за најдобра во класата.

објавено: 6 јуни 2016 - 12:45

Трицилиндричниот екобуст мотор е прогласен за „Најдобар мотор под 1.0 литар" од комисија составена од 65 автомобилски новинари од 31 држава и со тоа е неприкосновен победник во својата класа од негово лансирање. Судиите ја пофалија комбинацијата на управување, перформансите, економичноста, префинетоста и технологијата, кои го дефинираат стандардот што го поставува компанијата.

Оваа година, моторот на Ford се „бореше" со 31 конкурентски мотор, 19 повеќе отколку во 2012 година. Значајно е тоа што 2015 година е време кога се зголеми глобалната конкуренција во мотори под еден литар со директно вбризгување. Во 2014 година, 1.0 литарскиот екобуст мотор стана Меѓународен мотор на годината по трет пат, а во 2012 година беше именуван како „Најдобар нов мотор".

Достапен со 100 КС, 125 КС и 140 КС, дури и 180 КС во Ford Fiesta R2 рели автомобилот, 1.0 литарскиот EcoBoost мотор ги движи Ford возилата во 72 држави. Во форматот 140 КС, моторот обезбедува поголем сооднос „моќност – рационалност" и од Bugatti Veyron. Формула Ford верзијата со 205 КС го помина познатото Нинберг коло во Германија за 7 минути и 22 секунди, со што се проби пред домаќинот на супервозилата, вклучувајќи ги и 600+ КС Lamborghini Aventador, Ferrari Enzo и Pagani Zonda.

Единаесет модели, вклучувајќи Fiesta, EcoSport, B-MAX, Focus, C-MAX, Grand C-MAX, Toruneo и Transit Connect, Tourneo и Transit Courier и Mondeo, се достапни во Европа со овој многу наградуван мотор. Едно од пет нови Ford возила продадени во Европа во 2015 година се опремени со 1.0 литарскиот мотор, вклучувајќи, исто така и две од пет Fiesti.

Технологијата на Ford-овиот EcoBoost бензински мотор сега е „вметната" во најновиот и најмал дизел мотор од Ford, 2.0 литарскиот EcoBluе, лансиран во Ford Transit годинава. Моторот го применува нискиот инертен момент на турбополначот, директно го вбризгува горивото под висок притисок, интегрирани вбризгувачки и издувни гранки, ребрастите ремени се поставени во масло и други елементи елементи на ниско триење со што обезбедува за 13% зголемена ефикасност на горивото и 20% повеќе вртежи. Глобално, Ford вклучува опсег на EcoBoost ефикасни мотори за гориво од 1.5 литарски, 1.6 литарски, 2.0 литарски и 2.3 литарски четирицилиндрични мотори и 2.7 литарски и 3.5 литарски V6 мотори. *

Најново во Автомобили