ИАКО БРОЈКАТА Е МНОГУ ПОГОЛЕМА

ФВ „поправиле“ само 50.000 возила во Европа од дизелгејт аферата

објавено: 1 јуни 2016 - 21:52

Со речиси 9 милиони возила кои се најдоа во центарот на вниманието со дизелгејт аферата на Фолксваген, нивното „поправање" оди потешко од очекувањата.
Засега дилерите успеале да „оспособат" само 50.000 возила, се вели во извештајот на познатиот Аутомотивњуз, кои го читираат главниот шеф на брендот, Фред Каплер, кој очекува летово да им биде дозволено да почне и поправката на моделите на „пасат".

Се очекува најголемиот број од „заразени" мотори на ФВ, Ауди, Порше, Сеат и Шкода да бидат поправени до крајот на годинава, но непознат број на возила и понатаму ќе продолжат да испуштаат зголемено присуство на ЦО2 на патиштата, затоа што тие ќе бидат поправени дури во 2016 година.

По избувнувањето на дизелгејт аферата лани, ФВ почна со нивно поправање со подобрувања на софтверот и тоа на 1,2; 1,6; и 2,0 литарските мотори, заедно со хардверските решенија на речиси една третина од возилата.

Најново во Автомобили