СОВЕТИ – СО КУЧИЊА, МАЧКИ, ПАПАГАЛИ ВО АВТОМОБИЛ

Како да патувате со милениците на годишен одмор

Денешните семејства во најголем број случаи за домашни миленици имаа кучиња и мачки. Во споредба со папагали и риби, првите релативно е полесно да ги пренесеш, но постојат некои работи што треба да се направат, за да биде патувањето безбедно за вашите миленици и полесно за вас.

објавено: 7 јуни 2016 - 11:46

Исто како што е неопходно да бидете сигурно дали патниците се врзани додека се возат, така е важно да ги заштитите и вашите миленици додека ги водите на пат. Најважно е пред се кога го превезувате вашиот миленик да го држите одвоено. Постојат различни начини за тоа, како што се кафези за миленици, опрема за кучињата што е поврзана со сигурносните ремени, и ограда што го задржува вашиот миленик во делот за багаж кај теренците или пикап возилата.

Немојте да дозволите животното да шета слободно во возилото во тек на возење. Дури и ако вашиот пес е врзан немојте да му дозволите главата да ја вади надвор од возилото, бидејќи во тој случај постои опасност да биде повреден. Колку и да е добро обезбеден вашиот миленик, секогаш земете го со себе кога паркирате. Не го оставајте во возилото. Дури и ако прозорите се отворени, температурата во возилото може да биде висока, и на миленикот да му се слоши.

Покрај како заштита, кафезот исто така може да спречи ширење на неред во внатрешноста на возилото. Доколку наместо кафез, вашиот миленик е врзан, добра идеја е да го прекриете седиштето со ткаенина што потоа може лесно да се исчисти. Ако патувате често тогаш можеби треба да размислите и за ткаенина што е водоотпорна во случај миленикот да неможе да „додржи“  па да го измокри седиштето. Земете со себе и ќебенце за миленикот, и третирајте го како „нормален патник“, кому може да му биде студено или пак топло, па затоа почесто регулирајте ја климата во внатрешноста.

Кога застанувате да се одморите и да „протегнете нозе“ истото се однесува и за вашиот миленик, со тоа што нему ќе му треба двојно повеќе време отколку вам. Доколку застанете крај некој ресторан и решите да седнете, прво направете некое „крукче“ пред да седнете да јадете.

И домашните миленици може да имаат проблеми од патувањето. Еден од начините е да ги носите на подолги патувања за полесно да се привикнат и да се чувствуваат покомфорно. Некогаш и местото каде ќе седи влијае на тоа дали ќе му биде лоши. Колку е понапред, толку помалку ќе се движи и нема да му се лоши.

Ветеринар може да ви даде лек кој на вашиот миленик ќе му го олесни патувањето. Кога водите миленик на патување во друга држава се препорачува носење на уверение за здравствената состојба и вакцинирање против беснило, што може да се добие кај вашиот ветеринар. Се препорачува и да имате кај себе контакт информација на личност што би можела да го зема нашиот миленик, ако на вас ви се случи некоја незгода. Добро е да имате и фотографија од вашиот миленик, доколку се загуби да можете полесно да го барате, да ја покажувате фотографијата на други луѓе.

 

Совети:

Нека им биде удобно – Набавете носач што одговара каде би имало доволно воздух. Проверете дали истиот е доволно голем за вашиот миленик, и ќе може ли да се движи и поместува во него, и да биде чист и удобен. Пробајте прво дома д аги привикнете милениците на нов простор пред подолго патување.

Нахранете ги – кога тргнувате на подолго патување. Нахранете ги своите миленици со полесен оброк  и тоа 3-4 часа пред тргнувањето. Не е препорачливо да ги храните во возење или додека се движи автомобилот.

Вода – Понесете со себе вода во шише бидејќи можно е важите миленици поради „промена“ на климата и бактериолошки различната вода да имаат проблеми со желудникот.

Означете го миленикот – Не е важно како патувате, со авион или автомобил, битно е правилно да го означите вашиот миленик. Избањајте го и исчешлајте за да биде прифатлив за сите. Носете негови играчки, храна и опрема со себе, така миленикот ќе се чувствува повеќе дека е како дома.

Неколку правила:

* Не ги земајте со себе домашните миленици на долги патувања, пред да ги однесете неколкупати на пократки отсуства од домот

* Ако патувате со куче немојте да му дозволите со главата да биде надвор низ прозорецот бидејќи тоа може да предизвика оштетувања на слухот или запаление на белите дробови

* Никогаш немојте да ги пуштате милениците сами во паркирано возило. Температурата во возилото може нагло да порасне или да опадне.

 

Доколку патувате во странство

* Сите што ќе решат да носат со себе куче или мачка во некоја друга земја треба да бидат внимателни. Задолжително кучето мора да биде вакцинирано бидејќи нема да може да влезе во другата земја.

* Распрашајте се за болестите што се карактеристични за таа земја, а тие информации можете да ги добиете и во конзуларните претставништва. Треба да имате здравствена потврда што ја добивате од вашиот ветеринар. Немојте тоа да го барате дене или два пред тргнување зашто потребно е одредено време за да се завршат сите испитувања. Во некои земји има задолжителен карантин за животните, па добро е да се распрашате за тоа, за да не се случи вашиот миленик да мора да ве чека во карантин. Во таква ситуација најдобро е да го оставите дома.

* Кога сте веќе во странство, држете го вашето куче заврзано, распрашајте се дали може некаде да се истрча, но никако немојте самите да решавате каде ќе го сторите тоа, бидејќи казните се високи. На алката околу вратот би било умно да ставите превезок со податоци за сопственикот, број на телефон, адреса. Доколку не користите сопствен превоз при резервацијата спомнете за какво животно станува збор и резервирајте му место однапред.

 

Најново во Автомобили