НОВО ГОРИВО ЗА ВОЗАЧИТЕ

Макпетрол почна да нуди и метан

Во продажба отсега на бензинските пумпи на Макпетрол ќе може да се најде и метан, односно „компримиран природен гас". Во моментов во Македонија има четири станици за полнење на метан, на Партизанска, во Влае, на автопатот во Куманово и во кругот на ЈСП, наменета за полнење на градските автобуси.

објавено: 1 јуни 2016 - 22:45

Метанот е важен енергетски извор што го редуцира загадувањето во сообраќајот. Примената на метанот придонесува кон намалувањето на ефектот на стаклена градина и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. При работа на моторот на метан се ослободува помала емисја штетни издувни гасови. Емисијата на СО2 е од 25% до 30% помала од онаа кај бензинот и практично нема сулфур и пепел при неговото согорување. Исто така при работа на моторите на метан звукот е значително намален, дури и до 30%, што е уште една причина за негова употреба во јавниот и товарниот транспорт

„Метанот е гас настанат во длабочините на земјата од каде што наменски се извлекува, или пак се прифаќа како нуспроизвод при експлоатација на нафтните полиња. Го среќаваме под имињата Kомпримиран Природен Гас или КПГ, потоа како природен гас или земен гас, а во англиканското говорно подрачје како Compresed Natural Gas или CNG. Кај нас широко прифатен термин е Метан што најповеќе одговара на неговиот состав кој е всушност 95% чист метан. Не содржи ароматски соединенија, сулфур и олово и нема потреба од негово рафинирање и адитивирање. " - изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Покрај досега комерцијално достапните нафтени производи, со воведувањето на метанот, како погонско гориво, Макпетрол уште еднаш ја покажува својата грижа кон потрошувачите, притоа значително придонесувајки кон заштитата на животната средина, што е секојдневна одговорност и приоритет во нашите развојни планови.

„Компримираниот природен гас е најеколошко погонско гориво, а возилата што го користат се познати како минимални загадувачи на амбиентниот воздух и остваруваат значително намалена емисија на СО2, СО и NОx. Покрај тоа, метанот не е токсичен и остварува значителен придонес кон намалувањето на ефектот на стаклена градина. Компримираниот природен гас овозможува инзвонредно траење на моторот на возилото, гарантира апсолутна хомогеност на продуктивноста и константност на функционирањето на моторот, а има и пониски трошоци за одржување". – објасни Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Природниот гас се користи како погонско гориво во индустријата, за производство на електрична енерија преку негово согорување и како енергент за резиденцијална потрошувачка. Затоа тој глобално добива третман како горивото на иднината.

„Вложивме во воведувањето на почетна инфраструктура за метанот како алтернативно гориво за возилата имајќи ги предвид неговите предности што веќе беа наведени. Притоа бевме потполно свесни и за тешкотиите со кои ќе се судриме како достапноста до цевководот на природниот гас и додатните вложувања за да се достави до локации на кои им е потребен на нашите потрошувачи.
Зато овој период како компанија инвестиравме сопствени средства кои бавно се враќаат, но на Македонија и овозможуваат стартна основа со која ќе ги исполни и барањата на ЕУ што се веќе усвоени како директива за изградба на инфраструктура за полнење на возила со ова алтернативно гориво.
Со тоа ќе се реализира идејата на ЕУ возилата кои го користат ова гориво слободно да циркулираат по територијата на цела Европа и метанот да стане одржлива алтернатива на конвенционалните автомобилски горива". - објасни Зоран Доневски, директор на дирекција за големопродажба.

 

Најново во Автомобили