СКАНДИНАВЦИТЕ СТАНУВААТ „ЗЕЛЕНИ“

Норвешка ќе забрани продажба на дизел и бензин од 2025 година?

Сакајќи да го намалат загадувањето на околината од издувните гасови на автомобилите, од Норвешка стигнуваат вести дека планираат да ја забранат продажбата на бензин и дизел гориво од 2025 година.

објавено: 5 јуни 2016 - 20:45

Извршниот директор на Тесла, Елон Муск го „твитка" ова додавајќи ја и насловната страница на веснкот Дагенс Наерингслив, каде е информацијата дека четирите политички партии се согласиле да ја сопрат продажбата на бензин и дизел за возилата до 2025 година.

За ова веќе извесно време имало дискусии. Не станува збор за конечна одлука зашто две од четирите партии се уште не се согласиле за оваа одлука. Оваа деветгодишна рамка за можната забрана доаѓа од земјата која важи за еден од најголемите извознити на гас, и оваа иницијатива може лесно да влезе во нивното законодавство.

Дури и да не се донесе ваквата одлука, преминот на други алтернативни извори нема да биде драматичен бидејќи во овој момент 24 отсто до возилата во земјата се електрични. Од друга страна плановите на Норвешка во однос на транспортот откриваат амбициозни предлози за забрана за користење на приватните возила во центарот на Осло од 2019 година, за да се направи градот подобар за живеење.

Најново во Автомобили