НЕКОЈ МОЖЕБИ ЌЕ ИЗВРШИ И ХАРАКИРИ

Рација во Сузуки поради лажирање на податоци за потрошувачка на гориво

објавено: 6 јуни 2016 - 10:45

Јапонското Министерство за сообраќај извршило упад во седиштетот на Сузуки, откако овој производител призна дека користел неадекватни методи за тестирање на потрошувачката на гориво кај повеќе милиони свои возила.

Службениците на надлежното министерство влегле во седиштетот на компанијата во градот Хамамацу, околу 250 км. југозападно од Токио. Се барала документација поврзана со испитувањето на емисијата на гасови и тестирањето на економичноста на потрошувачката на гориво пренесуваат новинските агенци.

Имало претресување и на просториите на Мицубиши кога пролетва признале дека мамеле на тестовите за потрошувачка на гориво со децении.

Од страна на Сузуки било признато дека се користеле методи за тестирање на потрошувачката на гориво што јапонскиот регулатор не ги одобрил.

Најново во Автомобили