НИТУ ПРОБЛЕМИТЕ НЕ ГИ ПОКОЛЕБУВААТ

Шкода планира враќање во Северна Америка?

Во канцеларијата за патентирање и заштита на регистерските марки на САД неодамна се појавија и барањата на Шкода за некои од имињата на возила што сега ги има во понудата. Според порталот Аутогајд, ова значи дека Шкода несака никој друг да може да ги користи тие имиња, или пак се подготвува за враќање во Северна Америка, и тоа по повеќе од 50 години откако беше продаван последниот модел.

објавено: 5 јуни 2016 - 19:08

Фоксваген има проблеми во САД откако с епојави дизелгејт аферата со лазирањето на податоците од емисијата на издувни гасови, и се уште трае тој процес.

На листата на заштитени имиња се наоѓаат „јети", „октавија" и „суперб". Сегашната генерација на „јети„ можеби нема да ја има во понудата, но следната што треба да дебитира на крајот на 2017 или почетокот на 2018 може да се најде во понудата. Од друга страна „октавија" би можела да биде замена за „голф" и плус поевтина и попространа. Истото се однесува и за „суперб" кој може да стане алтернатива за „пасат".

Интересно е што Шкода го нема заштитено името „коџак", а токму овој СУВ со седум медиста се очекува наскоро да дебитира во Европа на саемот во Париз есенва. Тој би можел да биде голем џокер, бидејќи американците сакаат 4х4 возила.

Најново во Автомобили