ГОДИШНО ТРОШАТ ПО 700 ФУНТИ НА ОДРЖУВАЊЕ

В.Британија е најдобро место за купување половно возило

објавено: 7 јуни 2016 - 10:39

Според последните извештаи Британците трошат просечно по 700 фунти на одржување на своите автомобили. Тоа значи дека тие секогаш се во добра форма, па затоа и се препорачува оттаму да си купите возила од „втора рака". Проблем е само што управувачот е од десна страна, наместо стандардната поставеност во Европа, од левата страна во патничката кабина.

Вкупно околу 30 милиони возила има во В.Британија и нивните сопственици годишно трошат околу 2,1 милијарда фунти со што ги ставаат во рангот на најдобро сочуваните. Бројката од 700 фунти е за 12 отсто поголема од светскиот просек на на трошоци те за одржување на годишно ниво. Од друга страна истражувањата покажале дека во В.Бртанија има многу малку „крнтии" кои генерираат големо загадување, или имаат проблеми со некои од виталните функции како што се сопирачките.

Во В.Британија има повеќе од 42.500 сервиси и гаражи, кои вработуваат 345.000 работни места и генерираат 12,2 милијарди фунти во економијата. Постпродажниот сектор е осми најголем во светото, поголем и од оние во земјите како Бразил, Кореја или Индија.

Најново во Автомобили