ИНТЕРЕСНА И БЕСПЛАТНА АПЛИКАЦИЈА ОД ШКОДА

Возете автомобил со вашето дете истовремено

Додека го возите вашето дете на задното седиште од автомобилот секогаш морате да смислувате разни игри и занимации со цел да му биде интересно. Сега „Шкода" пронајде извонреден начин како да ги забавува малите, а истата апликација е бесплатна и се вика Little Driver.

објавено: 18 октомври 2015 - 22:10

Таа е наменета за децата кои се возат на задното седиште и преку мобилен телефон или таблет ќе и се овозможи симулација на возење. Она што е уште подобро, благодарение на Smart Gate технологијата, оваа апликација користи вистински податоци од возилото во реално време.

Оваа Smart Gate технологија ја подржуваат новите модели како што се фабија, октавија, рапид, рапид спејсбек, јети и суперб. Додека вие возите, вашето дете во реално време исто така управува со автомобилот, но на неговиот екран, каде истотака може да сопира, забрзува, врти и при тоа собира бодови.

Со симулациијата ги снемува предните седишта, така што дететео им ачувство дека навистин ауправува со возилото, особено што сите информации со контролната табла се копирани и на таблет.

Најново во Автомобили