ПО ГОЛЕМИОТ ПОДВИГ

12-годишниот Марко, кој го преплива Охридското езеро, стана заслужен граѓанин на Охрид

Марко Пејчиноски кој успеа да го преплива Охридското езеро и покрај тоа што има преживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, е добитник на Климентова повелба.

објавено: 6 декември 2018 - 21:25

Новиот македонски херој, Марко Пејчиноски е добитник на Климентова повелба, која градот Охрид ја доделува на заслужни граѓани. 12-годишното момче на 28 август го преплива Охридското Езеро иако има преживеано инфаркт на коска на долните екстремитети. 

Марко по девет часа стигна до охридското пристаниште, тој успеа да го победи силниот северен ветар, немирното езеро..

„Не очекував дека ќе биде волку лесно. Сега, откако пристигнав на целта чуствувам замор, а во водите на Охридското езеро ми беше супер“, рече Марко после пристигнувањето на градското пристаниште.

 

Најново во Другата страна на спортот