„БЕЗБИЕВИТЕ БЕБИЊА" НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ

60 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО МИНХЕН: Моментот кој го промени англискиот фудбал (ВИДЕО)

Англија, но и оној друг дел од фудбалскито свет, на денешен ден одбележуваат еден посебен момент, шеесет години по авионската несреќа во која загинаа половина од членовите на една од најславните генерации на Манчестер Јунајтед.

објавено: 6 февруари 2018 - 14:50

Англија, но и оној друг дел од фудбалскито свет, на денешен ден одбележуваат еден посебен момент, шеесет години по авионската несреќа во која загинаа половина од членовите на една од најславните генерации на Манчестер Јунајтед.

Онаа која и понатаму светот ја насловуваше како „Безбиевите бебиња".
Емотивните пораки адресирани на „Олд Трафорд" пристигнуваат од сите краеви на светот. Тажниот помен повторно ги закопа оние спортски ривалства, ги обедини клубовите во давање на почест на никогаш непрежалениот тим кој несреќно го заврши својот пат кон легендите.
„Минхенската трагедија" симболизира еден од најголемите спортски „црни моменти".

На враќањето од четвртфиналниот дуел од Купот на Шампионите против Црвена Ѕвезда во Белград, авионот со фудбалерите на Манчестер Јунајтед во него се урна на 6. февруари 1958 година при полетувањето од минхенскиот аеродром.
Авионот не ја постигна посакуваната висина, удри во две згради блиску до аеродромот, падна и експлодираше.
Целиот случај го шокираше светот, а моментото доби и политичка конотација. Како главна причина за несреќата, проед мислењето на германските итражувачи, е детектираниот мраз кој бил пронајден на крилото на авионот „Елизабетан" најновиот со кој тогаш се гоордееше британската авио-флота.
А како директен виновник за трагедијата беше посочен пилотот, капетанот Џејмс Теин.
Сепак, 11. години подоцна, англиската влада го „помилува" и го ослободи од вината.
Многубројната делегација на Манчестер Јунајтед во текот на денот допатува во Белград. А во хотелот „Мажестик" во кој пред шест децении „бебињата на Бејзби", ја одбележаа годишнината.
А денеска, на стадионот на Партизан, каде се играше тој меч против Црвена Звезда, ќе биде одржана посебна комеморација.

 

Најново во Другата страна на спортот