ПОЛИТИКАТА НЕ МУ НОСИ НИШТО ДОБРО

Абрамович стана Израелец, но и понатаму е во проблеми...

Рускиот милијардер и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, доби израелско државјанство во намера без проблеми да ги продолжи своите работи во Велика Британија, но повторно наиде на некои административни проблеми.

објавено: 30 мај 2018 - 15:30

На 51. годишниот бизнисмен, британските власти му го одложија продолжувањето на визата која во оваа земја им се дава на инвеститорите и на богаташите, а се поради затегнатите односи на релација Лондон-Москва.

Иако Абрамовиќ директно не беше вклучен во политичките проблеми на Велика британија и на Русија, сепак, излегува дека е колатерална штета, после скандалот во кој поранешниот двоен агент, Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија беа затруени.

Поради меѓународното „препукување", Абрамович остана без продолжение на визата, а решението го побара на тој начин што експресно стана државјанин на Израел.
Со оглед на тоа дека Роман има еврејско потекло, не му беше воопшто тешко да се стекне со израелски пасош, кој му гарантира престој во „кралството" во период од шест месеци.
Меѓутоа и со новиот пасош, Абрамович не ќе може да ги извршува своите работи во Велика Британија. Туку може да биде само во „посета", соопштено е од „Даунинг стрит 10", каде се наоѓа седиштето на Владата.
Рускиот тајкун сега ќе мора да чека на „затоплување" на односите помеѓу Русија и Велика Британија, или да пронајде нов начин за без пречки да работи во Лондон.

Најново во Другата страна на спортот