ПРЕКАРОТ „ЛУДАК“ БАШ МУ ПРИЛЕГА

Абреу со маса ги гаѓаше своите навивачи

Себастијан Абреу или попознат како „Лудакот" фрли маса кон група на навивачи на својто тим кој го критикуваа од трибините

објавено: 30 април 2018 - 18:18

Себастијан Абреу, човекот кој сменил најмногу клубови во кариерата, а за тоа доби и сертификат од Гинис, полуде за време на мечот меѓу неговиот Аудакс Италијано и Антофагаста во чилеанската Премиер лига.
Абреу ги изгуби нервите и неможејќи повеќе да ги слуша критиките од група на навивачи на својот тим, веднаш штом заврши мечот крена маса која стоеше покрај теренот и ја фрли кон нив.
„Лудакот" се соочува со суспензија поради овој инцидент.

Најново во Другата страна на спортот