АТЛЕТИЧАРОТ ЗА МАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕШЕ БЕЗ ЗАШТЕДАТА

Агентот го крадел Ратерфорд

Геб Стоун, поранешниот агент на олимпискиот шампион во скок во далечина од 2012, Грег Ратерфорд доби казна затвор од 18 месеци откако му одзеде 48.000 фунти на неговиот спортист

објавено: 7 март 2017 - 21:15

 34-годишниот Стоун бил задолжен за организирање на комерцијалните зделки на Ратерфорд, кој стана ѕвезда во Британија по олимпискиот успех, а кога Ратерфорд ги побарал парите од последните 15 месеци настапи, тој тврдел дека ги инвестирал во лош бизнис. Кога Ратерфорд ангажирал свои сметководители да ги разгледат сметките, Стоун признал дека ги загубил парите, околу 48.000 фунти на обложување на интернет.

„Ја прегледував сметката во банката и одеднаш немав ништо! Требаше да платам рата од хипотеката и данок и не можев да го направам тоа. Во паника се обидов да го продадам мојот автомобил. Го познавав Геб од 2009 година, кога јас бев релативно непознат. Мислев дека можам да му верувам. Кога почнав да работам со него, тој директно ми кажа дека нема да може да ми заработи многу пари, но дека ќе се труди. Тоа ме импресионираше бидејќи мислев дека е искрен“, вели Ратерфорд.

Иако агентот ги врати сите 48.488 фунти кои му ги должеше на Ратерфорд, судијата оцени дека „никој не смее да си го купи местото во затвор“.

Најново во Другата страна на спортот