„ФОРБС" ТВРДИ:

„Aир Џордан" до сега инкасирал 1.85 милијарди долари

„Неговото височество" е најплатен спортист на сите времиња пред уште четворица колеги – исто така милијардери...

објавено: 15 декември 2017 - 15:40

Мајкл Џордан, легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, според многумина најдобриот кој заиграл во тој спорт, е спортистот кој досега заработил најмногу пари во историјата.

Барем така вели магазинот „Форбс", поради што и нема причина да биде поинаку.

„Форбс" вели дека досега Мајкл Џордан има инкасирано 1.85 милијарди долари, во најголем дел од оние спонзорски договори.
„Aир Џордан" ја предводи групата од пет спортски милијардери.
Зад него, со сума од 1.7 милијарди долари е голферот Тајгер Вудс, следува Арнолд Палмер со 1.4, Џек Никлаус кој има заработено 1.2, како и поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер чие богатство се проценува на точно милијарда долари.
Погледот на страна на Форбс кажува дека станува збор за пензионирани спортисти, освен, макар и делумно, Тајгер Вудс, кој сеуште ги брка дупките на голф терените.
Од оние активните, при врвот на листата е еден Леброн Џејмс, за кого се смета дека досега има добиено 730.милиони долари, а следуваа Кристијано Роналдо сп 725, Роџер Федерер со 675 и Лионел Меси со 600...

НАЈБОГАТИТЕ СПОРТИСТИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА:
1. Мајкл Џордан (кошарка, САД) 1.85 милијарди
2. Тајгер Вудс (голф, САД) 1,7 милијарди
3. Арнолд Палмер (голф, САД) 1,4 милијарди
4. Џек Никлаус (голф, САД) 1,2.
5. Михаел Шумахер (Ф1, Германија) милијарда
6. Фил Микелсон (голф, САД) 815 милиони
7. Коби Брајант (кошарка, САД)
8. Дејвид Бекам (фудбал, Англија) 800 милиони,
9. Флојд Мејведер (бокс, САД) 785 милиони
10. Шекил Онил (кошарка, САД) 735 милиони
11. Леброн Џејмс (кошарка, САД) 730 милиони
12. Кристијано Роналдо (фудбал, Португалија) 725 милиони
13. Грег Норман (голф, Австралија) 705 милиони,
14. Мајк Тајсон (бокс, САД) 700 милиони
15. Роџер Федерер (тенис, Швајцарија) 675 милиони
16. Лионел Меси (фудбал, Аргентина) 600 милиони
17. Алекс Родригез (бејзбол, САД) 575 милиони
18. Џеф Гордон (НАСКАР, САД) 525 милиони
19. Оскар де ла Хоја (бокс, САД) 520 милиони
20. Мани Паквао (бокс, Филипини) 510 милиони
21. Дерек Џитер (бејзбол, САД) 490 милиони
22. Пејтон Менинг (НФЛ, САД) 480 милиони
23. Кевин Гарнет (кошарка, САД) 480 милиони
24. Евандер Холифилд (бокс, САД) 475 милиони
25. Андре Агаси (тенис, САД) 470 милиони

Најново во Другата страна на спортот