УШТЕ ЕДНА „НАУЧНА ФАНТАСТИКА“ ВО КАТАР

Ал Тумам „дизајниран“ со „куфа“ (ВИДЕО)

За Светското првенство во Катар кое се организира во 2022 година, веќе е подготвен проект за изградба на стадионот во Ал Тумам, кој ќе може да нагости околу 40.000 навивачи. Со планот е предвидено овој стадион да има форма на традиционалната арапска капа, „куфа".

објавено: 26 август 2017 - 21:30

Во арапскиот свет кога е во прашање фудбалот, парите не се никаков проблем.
За Светското првенство во Катар кое се организира во 2022 година, веќе е подготвен проект за изградба на стадионот во Ал Тумам, кој ќе може да нагости околу 40.000 навивачи.


Со планот е предвидено овој стадион да има форма на традиционалната арапска капа, „куфа".
Како сето тоа ќе изгледа се гледа и по видео презентацијата која го прикажува идниот изглед на овој импозантен спортски објект во Катар.

Најново во Другата страна на спортот