ОВА СТАНУВА СКАП СПОРТ ЗА КОЛЕКЦИОНЕРИТЕ

Албумот за СП 2018 двојно поскап од тој за ЕП 2016

Оригиналниот албум на „Панини“ ќе има 682 сликички, а во едно пакетче ќе има пет сликички

објавено: 28 март 2018 - 18:26

Двојно повеќе ќе чини собирањето на албумот со самолепливи сликички за Светското првенство во Русија 2018 година, отколку тој што беше за Европското првенство во Франција пред две години. Ова го покажала експертизата која ја направи професорот Пол Харпер, математички стручњак во училиште во Кардиф. 

Харпер направил формула со која дошол до просечно потребни купени сликички, за да се пополни албумот на „Панини“, пренесува ББЦ. Ако се земе во предвид дека албумот за СП 2018 има вкупно 682 сликички и дека во едно пакетче има по пет сликички, а пакетчето е поспакено од 50 на 80 пени во Англија, станува јасно дека собирањето на овој албум за Мундијалот во Русија, ќе биде многу поскапо. 

Според направените пресметки, во просек ќе бидат потребни 773.60 фунти, за да се пополни албумот. Ако Англичаните купат 137 пакетчиња и немаат ниту еден дупликат, комплетирањето на албумот ќе ги чини 109,60 фунти. Сепак оваа теорија е невозможна. 

Професорот Харпер потенцира дека трошоците може да се намалат со менување на дупликатите. Во тој случај пополнување на албумот може да чини 247 фунти. Истиот професор, пред две години работеше на пресметка за трошоците за албумот на ЕП 2016. Во тој албум имаше 680 сликички, а тогаш беше предвиден трошок од 374 фунти, за да се пополни албумот. 

 

Најново во Другата страна на спортот