НЕВЕРОЈАТЕН МОМЕНТ ВО ЈАПОНИЈА

Аплаузи за единствениот фан кој помина речиси 1.000 километри

Навивач на јапонски петтолигаш отпатува речиси 1.000 километри за да го види својот тим како губи со 6:0

објавено: 21 јуни 2017 - 20:30

Откако го поминаа првото коло од Купот на Императорот, јапонскиот петтолигаш СРЦ Хирошима имаше тежок противник во второто коло - второлигашот Нагоја Грампус. Бидејќи мечот се играше на стадионот на Грампус, интересот беше благо речено, слаб.

Сепак, Хирошима имаше еден фан, кој беше сам на трибината на „Нагоја Мизухо“ стадионот. По поразот од 6:0, навивачите му одадоа почит на страствениот навивач.

Најново во Другата страна на спортот