ХЕРНАН КРЕСПО „ДИРЕКТНО ВО ЦЕЛТА"

АРГЕНТИНСКАТА ЛЕГЕНДА Е БРУТАЛНО ИСКРЕН: Имав оргии, најмногу со жени

Важеше како еден oд најдобрите напаѓачи во Серија А, и еден од најдобрите кои ги имала Аргентина во овој век...

објавено: 5 декември 2017 - 10:20

Во својата кариера, долга 19. години, која како 42. годишен ја заврши во 2012 година, постигна повеќе од 300 голови, освои три титули во Италија и една во Англија. Го освои и Копа Либертадорес, беше и најскапиот фудбалер на светот, и најдобриот стрелец во Серија А.
Играше за Милан, за Интер, Лацио, за Челзи, за Парма, додека со 35.голови за националнито тим на Аргентина, е за едeн подобар од најславниот, Диего Армандо Марадона.
Таков едeн великан, во овој случај, станува збор за Хернан Креспо, изненади со својата брутална отвореност во едно телевизиско шоу.

"Кога бев млад, правев оргии. Млад, славен фудбалер, правев се што сакам и го користев тој свој статус. Експериментирав, пробував се што можам да пробам. Добро, не баш се... Но како и да е, не можам да се пожалам дека сум пропуштил да направам нешто во тоа време за да жалам сега"- кажа големито стрелец.

Беше запрашан под страна на водителката дали во сето тоа биле повеќе машки или женски личности?

"Секогаш повеќе беа жени"- рече Креспо во еден одбранбен став.

"Како фудбалер дебитирав со 18, а својата жена ја запознав на 27 години. Никогаш до тој момент не имав донесено ниоту една девојка дома кај мене. Па така излегува дека се до таа врска со онаа која ми стана сопруга, сум бил самец"- објасни Креспо за сите свои „будали работи" во младоста.

Најново во Другата страна на спортот