ПОРТУГАЛЕЦОТ МОЖЕШЕ ДА ДОБИЕ КОЛА ЗА САМО 150 ЕВРА

Балканец му „шитка“ Голф1 на Кристијано Роналдо

На Инстаграм профилот на Португалецот се појави една од најинтересните пораки

објавено: 13 октомври 2017 - 13:00

Кристијано Роналдо е спортистот кој има најмногу фанови на друштвените мрежи. Најдобриот играч во светот, често знае да се појави на некоја од социјалните мрежи и директно да комуницира со своите фанови. 

Последен пат се појави на Инстаграм, каде фановите можеа директно да му постават прашања. Еден од најинтересните постови кои се појавија додека Роналдо беше „во живо“, стигна од Балканот. 

„Продавам Голф 1 ефтино само 150 евра“, стоеше на постот испратен на Инстаграм профилот на Роналдо. 

Оваа порака ја видоа илјадници следбеници на Роналдо, па можно е и продавачот да нашол купувач за Голфот. 

Најново во Другата страна на спортот