И ТОА ГО ИМА ВО СВЕТОТ НА СПОРТОТ

Беше ракометар – сега ќе стане фудбалерка (ВИДЕО)

Поранешниот ракометен репрезентативец на Австралија, Калум Монси, стана првиот трансроден спортист кому раководството на Фудбалската лига на Австралија му дозволи да игра за женска екипа во највисокиот ранг на натпреварување.

објавено: 14 февруари 2018 - 21:15

Поранешниот ракометен репрезентативец на Австралија, Калум Монси, стана првиот трансроден спортист кому раководството на Фудбалската лига на Австралија му дозволи да игра за женска екипа во највисокиот ранг на натпреварување.
Монси одигра 22 средби за ракометната селекција на „кенгурите",дури и на Светското првенство во Шпанија во 2013 година, а со своите 190 сантиметри и 90 килограми, играше на пивотменската позиција.
Пред четири години Калум ја „почна" трансформацијата, онаа родната, па го смени и своето име, почна да се вика Хана.
Следуваше хормонална терапија и обид својата кариера да ја продолжи како ракометарка. Но по негова жал, не ја доби дозволата од федерацијата на Австралија во овој спорт.
Но Хана монси потоа с енасоши кон фудбалот, и тоа оној женскиот. Или најпопуларниот спорт во Даун Андер.
И досега го играше фудбалот на локално ниво, но од оваа 2018 година, ќе може тоа да го прави и во најсилното натпреваруавње во некоја од сојузните држави на Австралија.

„Мислам дека би било непримерено да не му се заблагодарам на водството на АФЛ што ми дозволи да работам нешто што му е дозволено да го прави тоа на секој во Австралија" - наведува Хана Монси во отвореното писмо.

И покрај одлуката во случајот „Монси", АФЛ сеуште не ги дефинирал рамките за родната различност.

„Сакаме сите Австралијци да можат да играат. Меѓутоа ова се некои сложени прашања, и разгледуваме стручни мислења и меѓународни рамки кои влијаат на нашите одлуки" - порачаа од федерацијата за фудбал.

Новите смерници не ставаат никакви ограничувања пред жените кои сакаат да се натпреваруваат во машки категории, со „услов", да се чувствуваат како машк личности – додека пак машките кои сакаат да се натпреваруваат во женска конкуренција-категорија, мораат да докажат дека вистината на тестостеронот во крвта е 10 нмол/Л барем 12 месеци пред првото натпреварување на кое сакаат да настапуваат.
Според просекот на гледаност АФЛ е четвртата најгледана лига на светот. Натпреварите во просек ги следат повеќе од 35.000 гледачи. Пред нив се само американскиот НФЛ (69.400), Биндеслгата (41.500) и англискиот Премиершип со 35.800 гледачи.

Најново во Другата страна на спортот