„АТОМСКИ“ БЕЗБОЛ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО

Безбол на ОИ 2020 во Фукушима!

Стадионот Азума во Фукушима ќе биде домаќин на барем еден натпревар во софтбол и безбол на Олимпијадата во Токио во 2020, објави претседателот на организациониот комитет, Јоширо Мори

објавено: 17 март 2017 - 16:30

Фукушима беше погодена од земјотрес и цунами во март 2011 година кога се случи најголемата нуклеарна несреќа од Чернобил во 1986 година. Безболот се враќа на Олимпијадата првпат од 2008 година, и организаторите сакаат да ја искористат популарноста на спортот во Јапонија за натпревари во Фукушама.

„Да, Олимпијадата е во Токио, но еден меч, најверојатно првиот ќе се игра во Фукушима. Токио 2020 сака да го покаже опоравувањето и реконструкцијата на Јапонија од несреќата во 2011 и сакаме да ги охрабриме луѓето од тој регион“, вели Мори.

 

Најново во Другата страна на спортот