ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ОД ПРОКУПЉЕ Е ПОСЕБНО АТРАКТИВЕН

БЛИЗНАЦИТЕ СЕ ГЛАВНА АТРАКЦИЈА: Косовац има неверојатен квартет (ФОТО)

Фудбалскиот клуб од овој српски град во кој се собрани љубители на фудбалот и кој игра во Топличкиот регион во Србија, покрај одличните игри е препознатлив и по дел од фудбалерите-близнаци.

објавено: 21 септември 2018 - 22:30

Во овој клуб наречен ФК Косовац, ги има четворица, Иван и Милан кои имаат по 35. години, плус две години помладите Дарко и Марко Милошевиќ.

Па така, кога се играат оние официјални натпревари, во прв момент противниците и не знаат што всушност ги снашло, затоа што во најмала рака, им се чини дека сите играчи на ФК Косовац, личат еден на друг...

„Се тргна со Иван и со Милан кои се со нас од самиот почеток. Пред неколку години на клубот му се приклучија Дарко и Марко, кои се братучеди на тетката на Иван и Милан. Сега половина од нашата екипа е сочинета од близнаци. Дарко и Марко Дојдоа поради повисокиот ранг на натпреварување, на наговор на браќата и сега се носители на играта. Пред натпреварите обично им велам дека од нив очекувам да направат дар-мар" - вели тренерот на ФК Косовац, Бојан Диниќ.

Додава дека близнаците носат голема помош во подобрување на играта и развивањето на тимскиот дух.

„Четворицата браќа даваат пример на останатите дека треба да се помагаат и дека играта е само еден вид на дружење и забава. Иако да признаам, многу подобро ни оди со нив"- истакнува тренерот.

Може да се замисли како изгледа сето тоа кога четворицата играат Дарко и Марко се н средина на теренот, Милан е напаѓач, а Иван лев бек. Заедно со останатите играчи, се е една целина која функционира совршено и умее да го збуни противникот.
А клубот, откако сфати дека близнаците се нивниот заштитен знак, планира да донесе уште еден двоец на близнаци...

 

Најново во Другата страна на спортот