БОБИ ДОМИНАТОРОТ: Оди во Холивуд, ќе снима филм со Киану Ривс!

Не е тајна дека Бобан Марјановиќ ужива во животот кој му се пружа во Лос Анџелес
објавено: 5 јуни 2018 - 09:30

Не е тајна дека Бобан Марјановиќ ужива во животот кој му се пружа во Лос Анџелес. Српскиот горостас е омилена личност во комплетната организација на ЛА Клиперс, и делува дека токму светлата на ЛА се точно она што му треба на српскиот кошаркар додека е во Америка.

Неговата харизма се чини дека нема да остане незабележана, затоа што некои американски медиуми дознаваат дека на Марјановиќ му е понудена улога во филмот „Џон Вик-поглавје 3".
Еден акциски трилер, во чие трето продолжение се појавува и супер атрактивната Хали Бери.
"Доминаторот" веројатно би можел да биде во улога на атентатор воовој фил, а американските сајтови кои се занимаваат со кинематографија гледаат дека со својот изглед, висина и огромните раце, лесно би можел да биде за Џон Вик кој го глуми Киану Ривс.

Најново во Другата страна на спортот