ДОКОЛКУ ТРИУМФИРА ВЕЧЕРВА НА 200 МЕТРИ

Боцвана може да прогласи „Ден на Исак Маквала“

Боцвана ќе прогласи национален празник во чест на Исак Маквала доколку тој успее да го освои златото на 200 метри на СП во Лондон

објавено: 10 август 2017 - 20:30

На Маквала, кој беше во центарот на вниманието во Лондон оваа недела, во вторникот не му беше дозволено да влезе на стадионот во Лондон за трките на 400 метри бидејќи боледувал од стомачниот вирус кој ги погоди атлетичарите сместени во хотелот „Тауер“.

Но, 30-годишниот Маквала доби дозвола да трча на 200 метри сам на патеката, по што влезе во финалето со импресивна полуфинална победа.

Министерот за спорт на Боцвана, Тапело Олопенг вели дека покрај празникот, неговата земја му ветува на Маквала 10.000 долари, кои ќе ги добиеше ако освои злато на 200 метри.

„Нашиот претседател веќе има одредено датум за него. Тоа ќе биде празник за сите луѓе да можат да го сретнат Маквала. Човекот ја крена нашата земја на високо ниво и заслужува да биде пречекан како херој“, вели Олепонг.

Најново во Другата страна на спортот