НА ИНДИСКАТА ТЕНИСЕРКА И Е ДОСТА ОД ДОМИНАЦИЈАТА НА КРИКЕТОТ

Боливудски филм за Санија Мирза

Најпопуларната и најуспешната индиска тенисерка, Санија Мирза открива дека нејзината автобиографија може да биде трансформирана во филм

објавено: 27 февруари 2017 - 17:00

Мирза, која има 41 титула во двојки на ВТА-турнејата, вели дека преговара за на филм да се појави нејзината животна приказна, објавена во автобиографијата „Асови против околносите“.

„Да, има некои преговори, но засега ништо конкретно. Јас сум личност која ја почитува својата приватност, така што ќе биде тешко да се отворам целосно за тоа да биде пристапно на Боливуд“, вели 30-годишната Мирза, која има шест гренд слем титули во двојки.

Мирза, чиј сопруг е пакистанскиот крикет-играч, Шоаиб Малик, вели дека е потребно да се делува на спортот во Индија преку боливудските продукции, кои имаат милиони гледачи.

„Се обидуваме да се однесуваме дека сме спортска нација два месеци пред Олимпијадите, Азиските игри или Игрите на Комонвелтот. Дотогаш на никого не му е грижа. Имаме и други шампиони надвор од крикетот. Никој друг спорт не добива таква поддршка. Но, поради филмовите, можеби можеме да го смениме тоа. Боливуд е нашата најголема индустрија, начин да се стигно до масата луѓе“, додава Мирза.

Најново во Другата страна на спортот