НАЈБРЗИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ТАГУВА ПО МЕЈСОН

Болт го копаше гробот на својот пријател

Осумкратниот олимписки шампион, Јусеин Болт, на Јамајка буквално го копаше гробот на својот починат пријател, британскиот олимписки вице-шампион во скок во височина, Џермејн Мејсон

објавено: 14 мај 2017 - 22:30

Во видеото кое се појави, актуелниот рекордер на 100 и 200 метри, помага да се носи ковчегот на Мејсон, кој ќе биде закопан на 21 мај. Мејсон, кој освои сребрен медал на Олимпијадата во Пекинг во 2008, почина по несреќата со неговиот мотоцикл на Јамајка на 20 април.

Јамајчанскиот весник „Глинер“, тврдеше дека Болт и неговиот тренинг-партнер Мајкл Фрејтер биле присутни на несреќата во која конвој се враќал од забава. Мејсон и Болт беа пријатели од 2002 година.

 

Најново во Другата страна на спортот