ЈАМАЈЧАНИТЕ ФАВОРИТИ ЗА НАГРАДАТА НА ИААФ

Болт и Томпсон меѓу најдобрите во 2017

Јусеин Болт и неговата јамајчанска сонародничка Илејн Томпсон се на скратената листа на ИААФ за атлетичар на годината во 2017 по успесите на Олимпијадата во Рио

објавено: 9 ноември 2016 - 18:45

Болт, кој е петкратен освојувач на оваа награда, стана првиот атлетичар со три последователни титули на 100 и 200 метри со златата во Рио во август, а исто така уште е шампион во двете дисциплини (9.58 и 19.19). На 30-годишниот спринтер на листата му се приклучува двократниот шампион на 5.000 и 10.000 метри, Британецот Мо Фара и Јужноафриканецот Вејд ван Никерк, кој имаше шокантна победа на 400 метри со време од светски рекорд.

Кај жените, Томпсон, која исто така освои злато на 100 и 200 метри во Рио е во најтесниот избор со 23-годишната Етиопјанка Алмаз Ајана, која го сруши светскиот рекорд на 10.000 метри во Рио, а освои и бронза на 5.000 метри, како и двократната олимписка шампионка во фрлање кладиво, Полјачката Анита Влодарчик, која исто така постави светски рекорд на Олимпијадата.

Најново во Другата страна на спортот