ОТКАКО ЈА ЗАГУБИ РАБОТАТА КАКО ТРЕНЕР НА НОВАК ЃОКОВИЌ

Борис Бекер во банкрот!

Германската тениска легенда Борис Бекер, официјално е банкротиран, иронично од судијката кој го гледал како игра на централниот терен на Вимблдон

објавено: 21 јуни 2017 - 16:00

Адвокатите на трикратниот шампион од Вимблдон побараа од Судот за банкрот во Лондон „последна шанса“ да се платат долговите, но судијката Кристин Дерет, која се потсети дека го гледала Бекер во игра, „со жалење“ заклучи дека нема доволно докази дека долгот ќе биде платен.

„Имам впечаток дека г-динот Бекер е човек со глава во песок“, изјави Дерет.

Апликацијата за банкрот е поднесена од банкарите „Арбатнот Летем“ поради долг од 2015 година. 49-годишниот Бекер се обиде да докаже дека може да го исплати долгот со рефинансирање, односно земање на нова хипотека на викендиците на Мајорка со што очекуваше да добие 6 милиони евра.

Бекер му беше тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ до декември 2016 година, кога Србинот реши дека треба да ја прекине успешната соработка.

Најново во Другата страна на спортот