ДИРЕКТНО ОД СОПСТВЕНИКОТ

Брејди ги доби украдените дресови

Квотербекот на Њу Ингланд Патриотс, Том Брејди ги доби своите дресови од Супер бол 49 и Супер бол 51 од сопственикот на тимот Роберт Крафт, откако тие му беа украдени по победата на овогодишното финале

објавено: 3 април 2017 - 22:00

„Загубените“ дресови на Брејди беа пронајдени во Мексико, откако по нив имаше истрага која ја водеа ФБИ, обезбедувањето на НФЛ и локалната полиција во Тексас. Според нивното известување дресовите биле во сопственост на „акредитиран член на интернационалните медиуми.

Брејди извести дека дресот од Супер бол 51 му недостасува веднаш по 34:28 победата во продолжение над Атланта Фалконс. Тој тогаш не се пожали за дресот од 49. 

Најново во Другата страна на спортот