НАЈЛУДАТА УФЦ БОРБА НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Брутално го нокаутираше во последната секунда, а потоа се сретнаа - на интензивна нега! (ФОТО)

Кореецот Чан Јунг Сунг загуби „добиена борба" во Денвер од Мексиканецот Жаиро Родригез...

објавено: 13 ноември 2018 - 20:50

Кореецот беше многу блиску до триумфот, затоа што без сомнение, судиите ќе го прогласеа за победник. Но направи еден неверојатен кикс во последните моменти од борбата во Денвер.

Тргна во клинч со Мексиканецот, кој го дочека на својот лакт, и спектакуларно го нокаутираше.
Во моментот кога судијата ја прекина борбата, до крајот остана само една единствена секунда!
За оваа победа ултимејт фајтерот од Мексико доби 100.000 долари.
А двајцата борци повторно и брзо се сретнаа после битката – на интензивна нега. На двајцата им беше потребна болничка помош.

 

Без оглед што еден на друг си нанесоа тешки повреди и болки, Кореецот и Мексиканецот останаа во добри односи.

„Морам да му честитам на младиот пријател кој е секогаш пристоен. Сега се е ОК, од ударите многу повќе ме боли гордоста" – порача Чан Јунг Сунг

Најново во Другата страна на спортот