СЕ СПОЈУВААТ ДВА ЛУТИ РИВАЛИ БЕЗ КОНСУЛТАЦИИ СО НАЈВАЖНИТЕ

Бунт во француското рагби

Играчите на францускиот рагби тим Стад Франсе почнаа со штрајк по најавата за спојување со париските ривали Расинг 92, објави шефот на синдикатот на играчите

објавено: 14 март 2017 - 22:00

Планираното спојување на Стад Франсе и Расинг 92 донесоа до „земјотрес“ во француското рагби, откако шефот на синдикатот ја нарече одлуката „одвратна“ и вети дека ќе се бори против неа. Играчите и фановите реагираа со лутина на изненадувачкото соопштение.

Расинг минатата сезона стигнаа до финалето на Купот на шампиони на Европа, додека Стад Франсе беа финалисти во 2001 и 2005 година. Двата тима имаат голем број на познати рагби интернационалци, и нивните сопственици велат дека комбинацијата ќе донесе врвен европски тим.

„Ова е како одеднаш да ви кажат дека ќе мора да живеете заедно со соседот што го мразите“, вели играчот на Стад Франсе, Џибрил Камара.

И навивачите се лути.

„Како да добивме нож во грб“, вели Жан-Пјер Шиврак, шефот на фановите на Расинг.

Иако се зборува за спојување, локалните медиуми тврдат дека се работи всушност за преземање од страна на Расинг 92, бидејќи претседателот на Стад Франсе, Томас Савар призна дека тимот нема пари.

„Ова е погреб на 130 години рагби-историја“, вели Робин Чале-Вачу, претседателот на синдикатот на играчи во француската лига.

Најново во Другата страна на спортот