НЕСФАТЛИВО ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ, НО ВИСТИНИТО

Чизбургер за доручек, тотална лудост!

Кошаркарот на ЛА Клиперс, Сем Декер помалку и симпатично ја искоментира навиката на својот нов соиграч, Милош Теодосиќ...

објавено: 9 септември 2017 - 09:00

Милош Теодосиќ е во Америка, каде во наредниот период од две години ќе треба да ја потврди титулата на најдобар организатор на играта на Стариот континент, и тоа како играч на една од најсилните франшизи во НБА лигата, Лос Анџелес Клиперс.

Но со себе Србинот понесе некои свои навики кои во никој случај, односно не се воопшто разбирливи за Американците. Пред се за неговите нови соиграчи, како на пример Сем Декер.
Овој 23. годишен кошаркар не може да го сфати начинот на исхрана на популарниот „Тео".

„Милош Теодосиќ сака да јаде чизбургер за доручек. Тоа е потполна лудост, во девет наутро, но и го почитувам тоа" – напиша Декер на својот Твитер профил.

Некогашниот играч на московска ЦСКА; претходно и на Олимпијакос, ова лето договори двегодишна соработка со клубот од Калифорнија вредна 12.3 милиони долари. А поради повреда на листот на ногата го откажа настапот во селекцијата на Србија на ЕП

Најново во Другата страна на спортот