ШЕГА НА СМЕТКА НА АНГЛИСКИОТ ПРВОЛИГАШ

ЧУДО: Болтон нема да дадат понуда за Роналдо!

Вестите од Португалија и Шпанија дека Кристијано Роналдо бара „излез“ од Шпанија и од Реал Мадрид, предизвикаа „бура“ кај богатите тимови кои можат да си го приуштат фудбалерот

објавено: 16 јуни 2017 - 22:00

Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и другите богати тимови веќе разгледуваат дали имаат „место“ во тимот за Португалецот, но еден тим уште сега се „извади“ од трката.

По шеговитото прашање на еден нивни навивач дали англискиот второлигаш Болтон Вондерерс ќе направат понуда за Роналдо, тие официјално потврдија дека (засега) немаат такви планови.

Најново во Другата страна на спортот