ПОРТУГАЛЕЦОТ ПОВТОРНО КОРИСТИ МЕДИЦИНСКИ МЕТОДИ

CR7 чека близнаци?

Поточно не ги чека токму Кристијано Ронадло, туку неименувана сурогат-мајка од САД која ја одбрал фудбалерот на Реал Мадрид, тврди таблоидот „Сан".

објавено: 12 март 2017 - 16:00

Во малото семејство Дос Сантош ситуирано во елитниот дел од Мадрид, наскоро ќе дојдат приновите.

Кристијано и Кристијано-јуниор, добиваат „засилување" во вид на близнаци кои ги носи сурогат-мајка од САД, тврди англискиот таблоид „Сан".
А ако им се верува на овие весници, бебињата само што не стигнале на овој свет. И после тоа ќе бидат префрлени во домот на најдобриот фудбалер на светот, каде грижата за нив ќе ги превземат токму Роналдо и неговата мајка Долорес.
Секако со „армија на луѓе од послугата".


Роналдо, кој во овој момент е во врска со Георгина Родригез, наводно, досега веќе и платил на сурогат-мајката десет милиони евра за да го добие сега веќе седумгодишниот Кристијан-помладиот.
Водачот на нападот на „кралевите" е доста поврзан со својот, засега единствен наследник, кој просто го обожува. И се чини дека љубовта кон децата му годи, и од таа причина одлучил да го „прошири" своето мало семејство со уште два члена.
А оваа вест, се разбира, ако е точна, повторно ќе покрене лавина на информации поврзани со сексуалното определување на Португалецот.
Пред се затоа што е сосема нејасно (ако е потполно здрав), зошто не го реализира сето ова на еден „природен начин", со некој од многубројните модели кои ги „шета" низ сите овие години наназад, а не со помош на медицината, како во овие два случаи.

Најново во Другата страна на спортот