ТОА ШТО ЗА НАС Е НЕЗАМИСЛИВО, ВО СОСЕДСТВОТО Е РЕЛИГИЈА

Црвена Звезда му оддаде почит на својот голем навивач Небојша Глоговац

Познатиот глумец кој почина денеска, беше голем симпатизер на „црвено-белите“, кои не заборавија да му се оддолжат 

објавено: 9 февруари 2018 - 21:15

Познатиот српски глумец Небојша Глоговац почина утрово, вест која растажи многумина во регионот. Актерот кој беше познат по улоги во многу познати филмови, беше и голем љубител на спортот. Негов омилен клуб му беше Црвена Звезда. 

Глоговац отворено велеше дека Звезда е неговиот клуб, без разлика дали е тоа кошарка или фудбал. На денот на неговата смрт, неговиот омилен клуб не заборави да му оддаде последна почит. Пред почетокот на кошаркарскиот меч меѓу Црвена Звезда и Милано во Евролигата имаше едноминутно молчење во чест на Глоговац, а дел од навивачите имаа направено и специјални маички со неговиот лик.

Фудбалскиот клуб на Звезда денеска немаше некои посебни активности, но не заборавија да направат специјално видео во чест на починатиот актер. Тоа е голем клуб кој знае како да ги почитува своите навивачи.

Кај нас ниту пак има некои јавни личности кои посебно истакнуваат љубов кон некој спортски колектив, ниту пак колектив кој знае да ги испрати своите најверни навивачи на достоен начин. 

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот