ЕКИПАТА НА МЕНСФИЛД ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ

Далеку се од елитата во Англија, но ја имаат најубавата директорка

Каролин Редфорд е заштитно лице на клубот кој се натпреварува во четвртата лига 

објавено: 8 април 2018 - 20:45

Екипата на Менсфилд никогаш не била позната во Англија по некои значителни резултати на зелениот терен. Сепак има една работа во која тие се први на Островот. Ја имаат најубавата директорка. Тоа е Каролин Редфорд која е заштитно лице на клубот кој се натпреварува во четвртата лига. 

„Момците од екипата се задолжени за мојата насмевка. Добри се кон мене и имаме одлична соработка. Секој својата работа си ја завршува на одличен начин“, вели Каролин.

Една од главните цели на Каролин е на тренерското место на тимот да биде доведена жена. 

„Дали би била доволно храбра да поставам жена тренер? Нормално дека би била. Мора да бидам солидарна со жените и да ги поддржувам“, додава Каролин, чиј маж Џон, веќе седум години е газда на Менсфилд. 

Тимот на Менсфилд сезонава се бори за плеј-оф за влез во Лига 2, а Каролин се надева дека следната сезона ќе биде директорка на клуб кој се натпреварува во еден ранг посилен. 

 

Најново во Другата страна на спортот