РУСИТЕ СЕ СПРЕМААТ ЗА МУНДИЈАЛОТ

Дали мачорот „Ахил" ќе ја помати славата на октоподот „Пол"?(ВИДЕО)

Во обидот сето тоа да изгледа и интересно, руската фудбалска федерација го одбра „прогнозерот" кој треба да ги погодува резултатите од мечевите на Мундијалот.

објавено: 17 јуни 2017 - 16:35

Октопод, па слон, ласица, свиња, а сега и мачор...

„Ахил" е една од педесетината мачки кои „работат" во познатиот музеј „Ермитраж" во Санкт Петербург, а е избран да ги предвидува резултатите од Светското првенство во 2018 година чиј домаќин ќе биде токму Русија.


Овој мачор, е стар една и пол година, има бело крзно и сини очи, а генералната проба за главен „прогнозер" ќе ја има многу скоро, на Купот на конфедерации.
Процедурата останува иста како и во другите, претходни ситуации. Пред било кој натпревар на „Ахил" ќе му бидат понудени два тањири обележани со имињата на учесниците, од кои ќе одбере еден.
„Ахил" ќе ја продолжи низата на животни-прогнозери, која некако спонтано започна во 2012 година, кога на Европското првенство се „појавија" ласицата „Фреда", свињата „Кријак" и слоницата „Чита"...
Но, несомнено, најголемиот и најпознат „прогнозер" беше октоподот „Пол".

Ова морско животно кое беше сместено во специјален аквариум во германскиот град Оберхаузен, стана глобална атракција за време на Мундијалот во Јужна Африка.
Светската слава ја стекна „прогнозирајќи" ги исходите на мечевите на германскиот национален тим. И тоа беспрекорно точно. А потоа, кога Германците загубија во полуфиналето (од Шпанија), „Пол" погоди дека „црвената фурија" ќе биде подобра од Холандија, и за прв пат во историјата ќе стане светски шампион.
Но за жал, „Пол" почина само неколку недели по завршувањето на Светскиот Куп, иако за неговите „услуги" челниците на „Водениот свет" во Оберхаузен одбија доста понуди.

 

Најново во Другата страна на спортот