Откако ја доби информацијата за кралското одликување, 35.годишниот фудбалер истакна дека е многу горд, и дека ова признание го прима во знак на сеќавање на младиот, шестгодишен навивач на Сандерленд, Бредли Лоуери, кој минатата година премина после борбата со ракот.
Ова мало момче и навивач на „црните мачки' ги освои срцата на комплетната спортска јавност со своето држење и дружење со Џермејн Дефо во текот на најтешкиот стадиум на болеста. Реткиот облик на рак кој ги напаѓа нервните келии беше посилен, а не успеаа ниту исклучително тешките терапии, ниту различните методи на лечење.
"Емоциите ми се помешани, затоа што ова е најгордиот момент во мојот живот, но истовремено и сеќавање на нешто болно. Имам сјајни спомени со Бредли, но беше навистина тешко да го гледаш како толку пати, особено ако тоа е дете кое не разбира што се случува околу него, а вие морате да останете позитивни"- рече Дефо.
Сјајниот фудбалер вели дека ако може, веднаш би го променил минатото.
„Ова е за Бредли, и за оние кои ги сакаше. Се би сменил за тој да се врати во нашите животи. Заборавете ги наградите и головите. Важно е да се негуваат спомените" – напиша на Твитер, Дефо.
Дефо е исто така и основач на хуманиотарна организација, која ја покрена во 2010 година после ураганот на карипскиот остров Света Луција, од каде по потекло е неговиот дедо.