ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА

Дејвид Бекам влезе во кутија полна со 10.000 комарци (ВИДЕО)

„Приклучете ми се во подигнувањето на свеста, и искажете ја својата подршка за кампањата 'Маларијата мора да умре' "- напиша Дејвид Бекам, под видеото кое го објави на својот инстаграм профил.

објавено: 9 февруари 2018 - 18:10

Не, не се работи за некој нов бизарен наин на подмладување на богаташите, Туку напротив, Дејвид Бекам имаше една посебна причина да го направи тоа.

„Приклучете ми се во подигнувањето на свеста, и искажете ја својата подршка за кампањата 'Маларијата мора да умре' "- напиша Дејвид Бекам, под видеото кое го објави на својот инстаграм профил.
За да ја реализира идејата, славниот англиски фудбалер мораше да влезе во една голема импровизирана кутија во која имаше, односно летаа 10.000 комарци, но Дејвид не се двоумеше да ја подржи акцијата на Светска здравствена организација за борба против маларијата, која ја пренесуват токму овие инсекти, а од која само во 2016 година умреле 445.000 луѓе!

„Секои две минути некое дете умира од маларија"- порача Бекам, кој се приклучи на кампањата „Маларијата мора да умре - како милиони би можеле да живеат".

Маларија е паразитска болест која ја пренесуваат комарците, и која заедно со сидата „се борат" за неславното место како најголем здравствен проблем на планетата.
Нејзиното име "мал-арија" на италијански значи „лош воздух", доаѓа од стариот и неточен мит дека болеста маларија ја предизвикуваат тешките и не баш пријатни мириси на влажниот воздух околу мочуриштата. 

;

 

Најново во Другата страна на спортот