НАЈДОА ДУПКА ВО „СИСТЕМОТ“

Девојки се преправија во машки за да бидат дел од шампионското славење

Тоа се случи на натпревар во Иран, меѓу Персеполис и Сепидруд на кој домашниот тим ја прослави шампионската титула

објавено: 1 мај 2018 - 18:30

Во обид да погледаат фудбал и да ја прослават шампионска титула со својот омилен клуб, група на девојки се преправија во машки за да влезат на стадионот и да бидат дел од спектаклот на кој домашниот Персеполис од Техеран против Сепируд ја прослави шампионската титула во Иран.
Девојките се маскираа, ставија перики, бради и капчиња, а на влезот не приметиле дека се работи за девојки. Во Иран е забрането жени да посетуваат фудбалски натпревари.

Најново во Другата страна на спортот