И ЕДНА ВИДЕО ИГРА ЗНАЕ ДА НАПРАВИ МНОГУ ПРОБЛЕМИ

Диего Марадона „го сака" Јувентус, навистина?!

Легендарниот Аргентинец се закани дека ќе испрати тужба до „Плејстејшн"затоа што неговата слика се појавила на играта ФИФА 18 на еден банер на Јувентус...

објавено: 27 април 2018 - 16:35

Гафот го забележале навивачите, а прв таа вест ја објавил „Ил Матино", каде јасно се гледа ликот на Марадона поставен на транспарентот под трибините на стадионот „Алијанс Јувентус" со порака: „Го сакам Јувентус"...

„Им наложив на своите адвокати да ја испитаат работата затоа што некои грешки не смеат да бидат направени. Такво нешто не смее да се појави на видео игра која ја игра толкав број на луѓе во светот. Некој се обидел да биде итар, но поради тоа ќе мора и да плати" - нагласува „Ел Пибе".

Познато е дека најголемиот дел од својата кариера „малиот Аргентинец" ја помина играјќи за Наполи, а во тие седум години го предводеше тимот од Неапол до единствените две титули кои ги освои клубот од Југот на Италија.
Со триумфот над Јуве од (1:0) минатиот викенд, наполитанците се доближија на само еден бод во однос на актуелниот првак. А до крајот на сезоната останаа само уште четири кола.

„Се надевам дека среќата ќе го напушти Јувентус. Наполи игра подобрио, похрабри се, и не смее да дозволи Јувентус да му помогне. Мораат да се држат"- истакна Марадона

Најново во Другата страна на спортот