Албумот е подготвен, но во дигитален формат

ДИГИТАЛНИОТ АЛБУМ НА ПАНИНИ РУСИЈА 2018 Е ТУКА: Па кој сака да ги собира сликичките...

Организаторите на Мундијалот се задоволни. Оние кои со години, со децении уживаат во купувањето, лепењето или „тапкањето" на сликички, еднаш ќе ви речат дека „ништо не е свето". 

објавено: 23 март 2018 - 18:00

Од меѓународната фудбалска федерација порачуваат дека околи три милиони луѓе кои на овој начин собирале сликички, пред четири години, се воодушевени. За Мундијалот во Бразил, 195 милиони виртуелни кесички со сликички биле отворени, а заменети се дури 243 милиони.

За нас, кои не се согласиле на вакво искуство и минатиот пат, и за оние кои ова е новитет – Панини дигиталниот албум е апликација со која собирате виртуелни сликички, ги лепите во виртуелен албум, и ги разменувате со други корисници.
Конечниот рок да го пополните албумот е 31. август, а за некои од корисниците на апликацијата кои ќе имаат најмногу среќа, обезбедени се и награди.

За задачата биде олеснета, секој ден корисникот добива две пакувањеа на сликички бесплатно. Ако сакате повеже сликички, лигично, же морате да платите.
Папни и неговите партнери на претпланиците на фејсбук повремено ќе им испраќаат кодови за бесплатни сликички, а ќе можете да ги пронајдете и на специјалните „шишенца" на „Кока кола" која е дел од проектот. Но само во одредени земји во светот.
Ова е четвртти пат панин да има и дигитално издание на албумот за Светско првенство. Сепак вистински заживеа дури пред четири години. Логично сега се надеваат дека оваа година ќе имаат и повеќе од три милиони корисници.
А доколку сакате да собирате виртуелни сликички својата авантура можете да ја започнете ТУКА.

Најново во Другата страна на спортот