МАТЕРИЈАЛ ЗА ФИЛМСКО СЦЕНАРИО ВО ХОЛИВУД

Дијагноза рак - па 48 зрачења, операција и ЗЛАТО! (ВИДЕО)

Прикaзна која мотивира, и пример кој покажува дека се може се доколку се има доволно воља, верба и упорност, онаа на освојувачот на златниот медал на Параолимпијдата во сноуборд-крос, Бибиан Метел-Спе...

објавено: 14 март 2018 - 10:50

Таа е 45 годипшна Холанѓанка, на која една нога и е ампутирана под коленото пред повеќе години.

Го освои златниот медал во сноуборд-крос, и тоа само десет недели откако беше оперирана за да го острани канцерот на вратниот дел од рбетниот мозок.
Возењето кое и го донесе најсјајното одличје не предизвика толку внимание в однос на она што се Бибијан Метел-Спе преживеала во последните девет месеци, поради што многумина сметаат дека тука има "материјал за филм во Холивуд".
Драмата на оваа сноуборд натпреварувачка, која освои злато и во Сочи 2014 година, почнува во јули.
Тогаш лекарите дијагоностицираа рак, по деветти пат во нејзиниот живот.
Во 2002 година, Бибиан ја загуби потколеницата поради тоа што туморот ја нападна(л) коската, а овој пат беше вратниот пршлен.

„Се покажа дека 40% од шестиот вратен пршлен бил зафатен со канцер. Во изминатото лето следеа дури 48 зрачења, Кога наводно, бев излечена, се вратив на рехабилитациски тренинзи, се покажа дека пршленот скоро колабирал од рак и од радиолошката терапија. Тогаш ми кажаа дека рбетот би можел да се прекине на тоа место и дека би можела да останам парализирана доколку итно не бидам оперирана"- раскажува Ментел-Спе.

Недолго потоа, храбрата холанѓанка мораше да направи дури две операции на вратниот рбетен пршлен.

„Едната операција беше на крајот на декември, второтата на 3. јануари. Тогаш лекарите ми кажаа: „Вашиот врат е во ред и веруваме дека ќе успеете да одите на Параолимписките игри"- додава носителот на уште еден параолимписки златен медал.

Бибиан се натпреваруваше во класата ЛЛ2, која вклучува натпреварувачи со ампутација на потколеницата или слични оштетувања.

"Дури пред три недели повторно застанав на сноубордот. Поради тоа, потполно неверојатно е што освоив злато" – заклучува навистина храбрата скијачка од Холандија.

  

Најново во Другата страна на спортот