КАКО МАЛИОТ СТИВ СТАНА ГОЛЕМ, А ПОТОА ПАДНА...

„Дилав" крек, ја закопав мајка ми, го гледав татко ми во затвор, и потоа станав НБА ѕвезда!

На почетокот на 21 век беше мега-ѕвезда. Беше втор пик на драфтот во 1999 година, три пати биран во ол-стар тимот, а во првата сезона со Хјустон беше прогласен за дебитант на годината... Со еднаква брзина со која дојде во НБА, Стив Френсис пропадна.

објавено: 9 март 2018 - 21:55

На почетокот на 21 век беше мега-ѕвезда. Беше втор пик на драфтот во 1999 година, три пати биран во ол-стар тимот, а во првата сезона со Хјустон беше прогласен за дебитант на годината.

Со еднаква брзина со која дојде во НБА, Стив Френсис пропадна.

Во кариерата заработи и повеќе од сто милиони долари, но на крајот на приказната беше набркан од кинеската лига, а пред две години и уапсен порад кражба на накит, часовник и одредена количина на „кеш" од еден паркиран автомобил.
Еден од најголемите таленти во поновата историја на НБА на сега веќе мега популарниот портал „Плејер Трибјут", ја раскажа своја потресна приказна.
Во неа откри како „дилал" крек, како останал без својата мајка, а татко му морал често да го посетува во затворот, и на крајот како неговиот по-татко- очув се убил...

„Продавањето на дрига е ужасно и не го оправдувам. Тоа не беше ера на 'крекот' и на дрогата. Тоа беше епидемија. Но немаш избор. Со вперен пиштол во главата бев ограбен. Милион пати бев претепан. Секој ден гледав убиства на улиците. Но најлошо од се беше таа дрога. Игли, лулиња, изобличени фаци на луѓе кои се 'на нешто"'. Како зомби апокалипса. Дрогата беше на сите страни, а се дрогираа и фини луѓе, па дури и градоначалникот, Мерион Бери. Како можеш да бидеш нормален во едно такво опкружување?"- кажува Френсис.

Најголемата трагедија му се случила кога имал 18. години, односно денот кога останал без својата мајка.

„Умре од рак, и тука беше мојот крај, бев ГОТОВ. Престанав да играм кошарка, престанав да играм и во квартот, да одам на училиште, одлучив да си направам свое царство на дрогата.
Ме спаси мојот тренер Тони Лонгли. Неговите зборови ми значеа многу, и кога дојде понудата од Универзитетот Тексас, не размислував многу, ја прифатив"- дополнува Стив.

За Тексас тргнал со 400 долари кои му ги дала неговата баба, плус и авионска карта.

„Бев шокиран, триесет илјади белци и вашиот пријател Стив. Потполн културен шок, но затоа најпосле добив некоја сигурност. Чист кревет, храна, гарантирано место во тимот. Еднаш игравме против тимот на Шон Мерион, имав четирикратно остварување. Ги убивав... Но и понатаму тоа беше колеџ-кошарка, а јас сонував за НЦАА, за Џорџтаун или Мериленд"- пишува Френсис.

Го побара и Џорџтаун, но после разговорот со тренерот Џон Томпсон, разбра зошто не го сакаат.

„Гледај синко, до пред малку во тимот го имав Ален Ајверсо, и ако сега морам да се занимавам само со тебе, ќе добијам инфаркт. Го разбрав човекот, затоа со 21 година отидов за Мериленд. Бев на кровот на светот. Сите ме познаваа, ме поздравуваа. Замислете со 18 години продадав дрога а со 22 години одам на драфто, и тоа кад,е во мојто Вашингтон, Ајде објаснете го тоа? "...

Ванкувер го драфтуваше како втор пик, а со првите пари купи компјутер за својата сестра, а на својата баба и подари куќа. Неколку недели откако потпиша за Хјустон, почнал да ѕвони телефонот... Беше „рекетиран" од страна на неи типови од маалото кои наводно му кажале дека должи пари. Оние за кои им останала должна неговата мајка...

„Не можеш да побегнеш од нив никогаш"- вели едноставно...

Блескаше во Хјустон, стана пријател со Јао-Минг, а потоа Рокетс го трејдуваа во Орландо за Трејси Мек Грејди во 2004 година. И тука почна крјаот... Беше уште една година во Њујорк, а во 2007 година се врати во Хјустон, но веќе не беше ништо исто како порано.
Неславно, кариерата ја заврши во кинескиот Пекинг Дакс, за кои даваше по два коша.

„Имав црни денови во животот, тука нема збор. Но ги слушам луѓето како се прашуваат: „Што се случи со Стив Френсис"? Најтешко ми е кога ќе прочитам дека сум бил на 'крек'. Кога ќе с еприсетам дека тоа го читаше мојата баба, моите деца... тоа ме скрши. Никогаш не се дрогирав, но ме уби алкохолот. Тој може да биде подеднакво опасен како и дрогата. Во само неколку години останав без вистинска кошарка, без идентитет, и без очувот кој се уби. Дигнав раце од себе, едноставно се откажав. Како момче се надевав дека ќе ја оженам Џенет Џексон. Ха, ха, ха, за жал не успеав. Но бев на насловната страна на ЕСПН, веднаш покрај 'Дестини чајлд'. Малиот Стив со девојките од 'Дестини чајлд". Па кој може да напише полуда приказна од тоа? " - заклучи Френсис.

 

Најново во Другата страна на спортот