Остана без нога, без мајка, и без двата брата...

ДИНО Е ХЕРОЈ: Златниот олимписки медал е за неговата ќерка! (ВИДЕО)

Дино Соколовиќ е сензационалниот параолимписки шамапион во слалом на Игрите во Пјонгчанг... Неговата животна приказна не е ништо помалку сензационална, а тешко дека ќе се слушне, или види некоја со поголема инспирација или да биде пожална...

објавено: 17 март 2018 - 18:30

Дино Соколовиќ е сензационалниот параолимписки шамапион во слалом на Игрите во Пјонгчанг.
Неговата животна приказна не е ништо помалку сензационална, а тешко дека ќе се слушне, или види некоја со поголема инспирација или жална...

Пред 15 години, во летото 2003 година, и последниот ден од школската година, сакаше да го прослави како секој друг осмооделенец кој го завршил училиштето, со летување.
Но на стариот пат агреб-Ријека, на автомобилот, оној сејемниот налетал камион, односно истиот се превртел токму врз оној во кој било скоро целото семество Соколовиќ. А последиците биле страотни.
Неговата мајка, неговите двајца браќа, и стрина загинале на лице место, а Дино остана без двете нозе. Имаше уште неколку тешки повреди, и било мало и вистински чудо како воопшто „се рабудил" од кома.

А кога го „преживеа" сето тоа, предавање немаше. Заврши средно училиште, Успешно се занимаваше со пливање, а потоа премина на скијање, иако и понатаму рекреативно сака да игра и кошарка со колички и хокеј на санки.

„Спортот го одбрав затоа што ме подигна. Ме извлече од домот и ме врати во друштвото"- објаснува Дино.

А во друштвото на параолимписките победници дојде со помош на една олимписка победничка. Имено, првата моноскија ја доби откако клубот доби донација од продажбата на стапот кој и испадна на Јаница Костелиќ кога и без него стигна до второто место на трката на Слијеме (покрај Загреб).
Во 2014 година на игрите во Сочи беше на чекор до параолимпискиот медал. Беше во водство после првата трка, а во втората излета од патеката.

Сепак и од таму донесе посебни спомени, вредни скоро колку и медал.

„Во Сочи го носев хрватското знаме на свеченото отворње, и посебно бев горд на начинот на кој го направив тоа. Од сите спортисти кои се во колички и кои ги носеа знамињата на своите земји, само јас мафтав со него"

Четири години подоцна, сега го прави тоа со златниот медал, и тоа спрема некој кој е многу повреден од тоа:

„Параолимпиското злато и го посветувам на својата сопруга Барбара и на ќерката Вита"- порача после триумфот во Јужна Кореја овој неверојатно храбар човек, кој пред една година стана татко.

„Ќеркичката најмногу ќе ми недостасува. Целото слободно време го поминувам со неа. И ќе ми биде тешко да бидам без неа така долго"- велеше Дино пред да тргне за Пјонгчанг.

Еден вистински животен победник!

Најново во Другата страна на спортот