ХРВАТОТ ЗАПРЕПАСТЕН ОД ЕМИРАТИТЕ

Доби „милион и кусур", но и едно Ламборџини за на тренинг (ВИДЕО)

„Клубот ми даде едно Ламборџини на користење. Не е дека сакам да се правам важен, но такви автомобили кај нив се нешто нормално. Неверојатно е што се вози по улиците, а тука никој не го ни гледа. И поефтини се од кај нас. На пример, во Сплит возев Мерцедес од Ц класа, за наши услови предобар автомобил. А тука, ниту чистачката во клубот не вози таква 'работа' "- појаснува Ерцег.

објавено: 11 јануари 2018 - 16:30

„Кога разговараме за договорот, и кога им реков дека сакам едeн милион, тие ми рекое дека не може. Ми дадоа милион и двеста, и баш пријатно ме изненадија"...

Ова е почетниот „муабет" на Хрватот Анте Ерцег, кој играњето за Хајдук го замени за она во Ал Ахли Шабаб во Обединетите Арапски Емирати.
Би се рекло ништо чудно, за платежната моќ на шеиците.
Но тоа не е се...
Овој 28. годишен фудбалер бил запрепастен и од еден друг факт.

„Клубот ми даде едно Ламборџини на користење. Не е дека сакам да се правам важен, но такви автомобили кај нив се нешто нормално. Неверојатно е што се вози по улиците, а тука никој не го ни гледа. И поефтини се од кај нас. На пример, во Сплит возев Мерцедес од Ц класа, за наши услови предобар автомобил. А тука, ниту чистачката во клубот не вози таква 'работа' "- појаснува Ерцег.

Но, дополнува дека не може да го користи овој скапоцен автомобил затоа што европската возачка дозвола не се признава во Емиратите. Дека ќе мора одново да полага возачки испит, макар сето тоа била една обична формалност.

„Ми рекоа во клубот дека тоа ќе го решат за неколку дена. Само треба да се појавам, да пополнам некои тестови и после тоа можам да возам" - дообјаснува Ерцег.

Најново во Другата страна на спортот