СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ „МОЦАРТ" ВО НОВА АКЦИЈА

Донирана медицинска опрема за Клиниката за Детски болести - Скопје

Во текот на денот, во просториите на ЈЗУ Клиниката за Детски болести - Скопје беше предадена медицинската опрема што Спортските обложувалници „Моцарт" ја донираат на Детската клиника.

објавено: 18 септември 2018 - 15:34

Медицинските апарати беа набавени од средствата собрани во текот на донаторската кампања која за време на Светското фудбалско првенство 2018 (14 јуни - 15 јули) се одвиваше на сите уплатни места на Спортските обложувалници „Моцарт".

Инаку се работи за апaрати за механичка вентилација во домашни услови наменети за пациенти на кои им треба долготрајна вентилаторна поддршка. Тоа се пациенти со церебрална парализа во поодминатта фаза, како и за пациенти со невромускулни заболувања. Благодарение на овие апарати пациентите ќе можат наместо во болница да престојуваат дома со своите најблиски. Донираните апарати веднаш ќе бидат ставени во функција и ќе може да им го олеснат животот и на децата и на нивните родители.
Цената на еден ваков апарат е околу 550.000 денари.

Од името на Спортските обложувалници „Моцарт" донацијата ја предаде маркетинг директорот, Васко Илијевски кој особено им се заблагодари на играчите кои ја препознаа важноста на кампањата и во голем број се вклучија во собирањето на средствата.

„Децата се нашето најголемо богатство и секако тие се нашата иднина, а сите ние сакаме таа иднина да биде што посветла. Токму затоа одлучивме и средствата собрани од оваа акција да ги донираме на Детската клиника во Скопје каде се лекуваат нашите мали ангели. За времетраење на акцијата во обложувалниците на Mozzart беа собрани вкупно 1.023.596 денари кои беа искористени за купување на медицинска опрема која заедно со Детската клиника беше договорена. Вкупната вредност на медицинската опрема изнесува 1.085.600 денари. Разликата од околу 1.000 евра Mozzart ја надополни како би ја набавиле опремата која беше и повеќе од потребна. Би сакал да им се заблагодарам на сите вработени во Mozzart, а особено на сите наши играчи без кои акцијата немаше да биде возможно да се спроведе и тие се „највиновни" зошто сме денес овде" - изјави Илијевски.

За важноста на овие медицински апарати и начинот на кој ќе придонесат во работење на Клиниката зборуваше директорката на Детската клиника, д-р Катерина Ставриќ.

"Еден од основните приоритети на Клиниката е да им се подобри квалитетот на живот на децата кои имаат потреба од долготрајна механичка вентилација и долготрајни престои на одделот за интензивна нега и терапија. Со оваа донација ќе се овозможи со соодветна обука на родителите респираторната подршка да се спроведува во домашни услови каде децата ќе бидат опкружени со своите најблиски. Се надеваме дека децата со церебрална парализа во поодмината фаза и со неуромускуларни заболувања ќе имаат најголем бенефит од оваа апаратура, со што ќе се скрати престојот на одделот за интензивна нега и терапија и одделеноста на детето од своите родители."

Донацијата која има особено значење за оваа група на пациенти ја поздрави и министерот за здравство д-р Венко Филипче.

„Клиниката за Детски болести доби опрема која е од голема важност во третманот на одредени дијагнози кај децата. Ќе може во домашни услови да бидат лекувани. Благодарност до донаторот и охрабрување за сите со намера и желба за добар гест!"

Донацијата на медицинска опрема за Клиниката за Детски болести е само еден сегмент од стратегијата за општествена одговорност на Спортските обложувалници „Моцарт". Со ваквите кампањи Обложувалниците „Моцарт" докажуваат дека освен што се лидер во својата дејност исто така се стремат да предводат и во доменот на грижа за заедницата.

Најново во Другата страна на спортот